Добре дојдовте Љубопитковци!

Ако некогаш сте се запрашале:
Зошто октоподот има три срца?
Имаат ли кравите најдобри пријателки?
Зошто верверичките забораваат каде ги сокриле желадите?

На вистинското место сте.

Тука живеат мали истражувачи со голема мисија - ДА ИСТРАЖУВААТ!
Светот на животните, светот околу себе… и светот во својата глава.

А најдобриот придружник во оваа авантура?
Твоето Животинско царство.

ИСТРАЖИ!

Неверојатни, но вистинити факти за чудесните животни.

Кликни на видеото и откриј нешто што денес ќе можеш да го раскажеш на сите. Затоа што вистинските Љубопитковци секогаш знаат една занимливост повеќе.

Интересен факт на денот

Секое повлекување надесно со прстот носи нова занимливост од дивината, морето или воздухот. Затоа што Љубопитковците секогаш сакаат уште!

Знаеш ли дека
стаорците ќе се насмевнат
ако ги скокотнеш?
Знаеш ли дека
козите имаат
правоаголни зеници?
Знаеш ли дека
волците завиваат
во различни тоналитети?
Знаеш ли дека
видрите спијат држејќи
се за раце?
Знаеш ли дека
страчките го препознаваат
својот одраз во огледало?
Знаеш ли дека
рогот на носорогот и твоите нокти се направени
од иста материја?
Знаеш ли дека
јазикот на синиот кит е тежок
колку еден слон?
ОД КАДЕ СИ?

Дознај интересни факти за животните од твојот крај.

Избери го својот регион, истражи го својот крај!

Твојата потрага по знаење допрва започнува

Со секое чоколатце Животинско царство добиваш самолеплива сликичка. Собери ги сите сликички и залепи ги во својот едукативен албум.
За награда ќе добиеш подарок пакет од Краш, но и огромно знаење за светот на кој припаѓаме.
Уживај во чоколадото и во својата љубопитност, затоа што вистинските Љубопитковци никогаш не престануваат да истражуваат.

Албумите Животинско царство се достапни во сите продавници на Краш, како и во поголеми малопродажни синџири во одделот за печатење.

Čokoladice Životinjsko carstvo Čokoladice Lizli